Нов пораз на Јунајтед, овој пат од Вест Хем! (ВИДЕО)

October 27, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Нов пораз на Јунајтед, овој пат од Вест Хем! (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед претрпе нов пораз, овој пат на гостински терен кај Вест Хем. Гостите имаа многу пропуштени шанси во првото полувреме, а посебно се истакнува празниот гол на Диого Дало. Во вториот дел, Вест Хем влезе поцврсто и преку Самервил успеа да го отвори резултатот во 74. минута на асистенција на Дани Ингс. Во 81. минута Јунајтед успеа да се врати во игра преку Каземиро, а моментот за дискусија дојде во судиското надополнување кога беше досуден пенал за Вест Хем. Овде ќе биде отворена дискусија за тоа дали Ингс играше со рака во моментот кога Де Лихт го удри по нога, па по интервенција на ВАР беше досуден пенал за Вест Хем кој истиот Бовен го реализираше и донесе победа за тимот од Лондон.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.