Тотенхем го исфри Сити, Јунајтед на Ван Нистерлој пукна „петарда“! (ВИДЕО)

October 30, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тотенхем го исфри Сити, Јунајтед на Ван Нистерлој пукна „петарда“! (ВИДЕО)

Тотенхем успеа да го елиминира Манчестер Сити од Карабао Купот во осминафиналето со резултат 2-1. Сите голови беа постигнати во првиот дел. Вернер во петата минута постигна гол, а предноста ја дуплираше Сар во 25. минута. Пред крајот на првиот дел Нунеш стрелаше за 2-1 и во вториот дел немаше промена на резултатот. По отказот на Тен Хаг, Манчестер Јунајтед успеа да слави против Лестер со дури 5-2. Ван Нистерлој е привремен тренер каде наскоро се очекува Рубен Аморим да седне на клупата на „црвените ѓаволи“. Касемиро и Гарначо ги постигнаа првите два гола, а Ел Ханус намали на 2-1. Потоа следуваа головите на Бруно и Касемиро, Коуди го смали резултатот пред крајот на првиот дел, а Фернандес го постигна петтиот гол за Јунајтед во 59. минута со што го постави конечниот резултат. Останатите резултати: Брајтон - Ливерпул - 2-3 Астон Вила - Кристал Палас - 1-2 Њукасл - Челси - 2-0 Престон - Арсенал - 0-3

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.