Реал Мадрид сака да го продаде Чуамени и да направи место за Родри

October 31, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал Мадрид сака да го продаде Чуамени и да направи место за Родри

Флорентино Перез е спремен да се ослободи од Аурелиен Чуамени наредното лето, пренесува „Relevo“. Единствениот кој смета на него во моментов е Анчелоти, но ако дојде до промена на тренерското место во клубот, ќе се зголемат шансите за негова продажба. „Управата на клубот го претпочита Камавинга пред Чуамени, иако Карло Анчелоти не се согласува со таквата одлука. Карло Анчелоти е единствениот кој стои на страната на Чуамени. Останатите се предомислија и веруваат дека најдобра опција е клубот да го продаде“, пишува шпанскиот медиум. Се претпоставува дека Реал Мадрид ќе бара околу 80 милиони евра за него, тоа е истата сума за која тој беше купен од Монако во 2022 година. Неговиот договор е валиден уште четири години. Планот на Реал Мадрид е да го продаде Французинот и да направи место за Родри чиј договор со Манчестер Сити истекува во 2026 година.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.