Откако се испокара со тренерот, Марсело остана без клуб

November 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Откако се испокара со тренерот, Марсело остана без клуб

Флуминесе реши да го раскине договорот со Марсело поради кавгата која настана помеѓу бекот и тренерот на последниот натпревар против Гремио. Менезес сакаше да го внесе Марсело во игра пред самиот крај на дуелот, но додека му даваше упатства, левиот бек не се согласуваше со неговите инструкции. Потоа тренерот го повлече за рака и го врати на клупа, а во игра да внесе друг фудбалер. „Слушнав нешто што не ми се допадна, тоа беше се. Затоа одлучив да не го ставам во игра“, изјави поранешниот селектор на Бразил.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.