November 8, 2024 | | Македонија
Барселона гостуваше кај Црвена Ѕвезда во рамките на четвртото коло во Лигата на шампионите каде славеа со резултат 5-2.
На тој дуел имаше присутни фанови на Делиите кои дојдоа од различни градови од Македонија меѓу кои и од Радовиш.
Внимание привлече моментот во кој поддржувачи на Делии од Радовиш истакнаа знаме каде погрешно е напишано името на државата.
Според сведоштва на граѓани од Радовиш, станувало збор за интерна шала, па името било напишано погрешно со намера.
По целиот случај, се огласи и еден од основачите на Делии во Радовиш кој демантираше било каква поврзаност со тоа знаме.
„Вистинските Делии Радовиш се поим што трае од формирањето на Делии, од нашите родители и може мирно да спиете. Одредени портали објавија некое неважно навивачко знаме, а оригиналното знаме го имаат Делии Радовиш. А коментарите на некои лаици дека ние Радовишани сме неписмени, нека ми се обратат на мене лично, да видиме кој е неписмен и кој разбира, ама тие гледаат турски серии и се далеку од спортот. Поради тоа што немаат еден натпревар изгледано на телевизор, а не па во живо. И уште еднаш околу неписменоста, 90 отсто од порталите што ги водите сте неписмени, посебно за спорт и немате врска што значи навивачка страст“, напиша еден од водачите на Делии во Радовиш на Фејзбук.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |