Радовишани кои ја подржуваа Црвена Звезда го утнаа името на државата (ФОТО)

November 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Радовишани кои ја подржуваа Црвена Звезда го утнаа името на државата (ФОТО)

На вчерашниот натпревар помеѓу Црвена Звезда и Барселона огромен број на Македонци беа присутни таму, поддржувајќи ги и двата тима, а имаше и неутрални навивачи. Во Белград беа навивачи од различни градови од Македонија, а внимание привлекоа оние од Радовиш. Имено, навивачите од овој град кои го подржуваа домаќинот го згрешија името на државата каде наместо да напишат „Македонија“, на транспарентот стоеше „Македоина“. Можеби станува збор за интерна шала помеѓу тие навивачи, но ваквиот транспарент се прошири на социјалните мрежи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.