Карвахал: Има три причини зошто сме непобедливи во ЛШ

June 12, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Карвахал: Има три причини зошто сме непобедливи во ЛШ

Карвахал беше клучен за Реал Мадрид каде директно придонесе за уште еден трофеј во Лигата на шампионите. Тие немаа добро прво полувреме па во второто го подигнаа нивото и славеа против Дортмунд со 2-0. Дани Карвахал во интервју за „Marca“ даде свое мислење во однос на тоа зошто Реал Мадрид изгледа непобедливо во финалињата на Лигата на шампионите. „Има повеќе причини зошто изгледа така, но мислам дека три се клучни. Талентот, начинот на кој се натпреваруваме и тоа што никогаш не се откажуваме. Може да има и други специфични причини, но тоа се трите клучни за нашиот успех во финалињата“, вели еден од капитените на Реал Мадрид. Тој стигна до шест титули во Лигата на шампионите, а следниот негов предизвик ќе биде Европското првенство каде тој ќе игра за Шпанија. „Идејата е победничкиот менталитет од Реал да се префрли и во репрезентацијата. Сакам да им пренесам на младите дека можат да победуваат, дека треба да се борат до крај и да се адаптираат на секакви услови. Само така можеме да стигнеме далеку на турнирот во Германија“ додаде тој.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.