November 22, 2024 | | Свет
Тренерот на Хајдук Сплит Џенаро Гатузо се пожали на условите кои ги има во Хрватска. Италијанецот зборуваше за лошата инфраструктура и спомена дека играчите треба да бидат внимателни за да не дојде до повреди. „Последните неколку денови паѓаше многу дожд, а овие терени тука не можат сето тоа да го поднесат. Ги повикувам играчите на внимание. Во последните денови трениравме на поле за компири. Сепак, големо благодарам до играчите кои даваат 100 проценти од себе“, рече Гатузо. Хајдук е лидер на табелата со три бода предност пред Ријека, а ова коло тимот на Гатузо ќе гостува кај Осијек кој е четврти на табелата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |