November 27, 2024 | | Свет
Откако вечерва беше комплетирано и петото коло на Лигата на шампионите, време е да ја погледнеме табелата. Ливерпул е единствениот тим со перфектен учинок, пет од пет. Следува Интер со само два бода помалку, па Барселона и Дортмунд, а топ пет листата ја комплетира одличната Аталанта. Анализирајќи ги тимовите кои потфрлија, таму и тоа како има што да се види. Баерн Минхен е на 13. место, но се чини дека полека го поправаат впечатокот. На средина на табелата се наоѓаат гиганти како Атлетико Мадрид и Милан, а после нив е и Манчестер Сити кој игра очајна сезона. На 19. место се наоѓа Јувентус, а на дури 24. место се наоѓа Реал Мадрид кој досега претрпе порази од Лил, Милан и Ливерпул вечерва. Тимот од Мадрид има само шест бода, а сега притисокот ќе биде да се победат сите три натпревар кои преостанаа до крајот. Уште полош резултат од Реал има ПСЖ, кој има само една победа и едно реми, со само три постигнати гола во првите пет рунди од Лигата на Шампионите и се наоѓа веднаш зад Реал, на 25. позиција на табелата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |