November 28, 2024 | | Свет
Динамо Загреб претрпе пораз од Борусија Дортмунд на „Максимир“ од 0-3 каде германскиот гигант покажа дека е далеку поквалитетна екипа. По натпреварот, тренерот Ненад Бјелица зборуваше за условите во кои клубот се наоѓа и работи. „Борусија заслужено победи, беше подобра од нас и доминираше, беше тешко да се парира. Честитки и на моите играчи за борбеноста и дисциплината. Во оваа состојба не можевме повеќе. Велат дека ни се потребни уште три бода за пласман во нокаут фазата. Не знам, верувам дека на крајот ќе се најдеме во плеј-офот. Само погледнете ја табелата, ПСЖ има четири бода и е под нас, а ние се молиме на Бог да не заврне дожд за да можеме да тренираме. Капа долу за мојот тим и за тоа што го покажуваат во ЛШ“, изјави Бјелица. Динамо Загреб се наоѓа на 23. место во Лигата на шампионите и се наоѓа пред тимови како Реал Мадрид, ПСЖ, Лајпциг...
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |