Адеми по поразот од Хајдук: Не игравме како што треба, позицијата на табелата е ужасна!

December 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Адеми по поразот од Хајдук: Не игравме како што треба, позицијата на табелата е ужасна!

Во второто дерби на сезоната, одиграно во рамките на 15. коло на Суперспорт ХНЛ, Хајдук го совлада Динамо со 1:0. Победата го оддалечи Хајдук од Динамо за кого настапуваат Стефан Ристовски и Аријан Адеми, со седум бода предност, додека Риека, која е на второто место, заостанува само три бода зад Хајдук, исто колку што беше и пред ова коло. По завршувањето на мечот, пред камерите се појави капитенот на Динамо, Аријан Адеми, кој поради повреда не беше во составот за дербито. „Прилично е тешко да се гледа од клупата, не заслуживме ниту да победиме. Ќе направиме се за да го смениме сето ова, главата горе. Мораме да излеземе како победници, нема друго. Имаме многу повреди, но имаме и ширина, сигурен сум дека во иднина ќе биде подобро и дека ќе свртиме во наша корист. Табелата изгледа катастрофално, им должиме на навивачите да ја смениме“, изјави Адеми.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.