ФА Куп: Уште во 3. коло дерби, Манчестер Јунајтед падна на Арсенал

December 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

ФА Куп: Уште во 3. коло дерби, Манчестер Јунајтед падна на Арсенал

Во третото коло од ФА Купот, во кое се вклучуваат и тимовите од Премиер лигата, фудбалските навивачи ќе имаат прилика да уживаат во вистинско супер дерби. Арсенал ќе се соочи со Манчестер Јунајтед, што ќе значи жестока битка уште на стартот на одбраната на титулата за „црвените ѓаволи“, кои се актуелни освојувачи на ФА Купот. Ова ќе биде голем тест за тимот на Рубен Аморим. За разлика од нив, многу полесно помина Манчестер Сити. Тие ќе играат против Салфорд на „Етихад“. Овој меч изгледа како далеку полесен предизвик за шампионот на Англија, кој ќе има шанса да ја продолжи својата кампања за нова титула во најстарото фудбалско натпреварување. Ливерпул, исто така, се најде со полесен противник во третото коло. Тимот од Мерсисајд ќе го пречека Акрингтон на „Енфилд“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.