ЛШ: Миовски нема да настапи против Ливерпул, Реал мора да оствари победа против Аталанта

December 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Анализи

ЛШ: Миовски нема да настапи против Ливерпул, Реал мора да оствари победа против Аталанта

Вечерва во Лигата на шампионите се играат натпревари од шестото коло, а од можни четворица Македонци, само еден е подготвен за настап. Бојан Миовски од Жирона нема да може да игра против Ливерпул поради повреда на глуждот. Засега не се знае точниот карактер на повредата и колку долго ќе биде надвор од терените, но вечерва сигурно нема да биде во комбинација за настап. Повреден е и Аријан Адеми, кој веќе неколку пати пропушти натпревари за Динамо и ќе биде надвор од тимот и за денешната средба со Селтик во Загреб. Единствен од македонските интернационалци кој се очекува да настапи е Стефан Ристовски. Елиф Елмас, како што е веќе познато, ја заврши годината поради повреда и нема да може да му помогне на Лајпциг, кој вечерва игра против Астон Вила. Сепак, дуелот на вечерта е натпреварот помеѓу Аталанта и Реал Мадрид во Бергамо. Аталанта игра фантастично оваа сезона и ја држи лидерската позиција во Серија А, со 34 бода по 15 кола, два повеќе од Наполи. Реал Мадрид, од друга страна, има проблеми со повреди, а последен на листата е Ферлан Менди, а од претходно се повредени Милитао, Карвахал, Алаба и Камавинга. Сепак, Реал нема друга опција освен победа, бидејќи се наоѓа на 24. позиција во Лигата на шампионите со шест бода, што е последното место кое носи пласман во плеј-оф. Аталанта игра одлично и во Европа, со 11 бодови и без пораз во групата. Внимание привлекува и натпреварот помеѓу Интер и Баер Леверкузен. Интер е одличен во ЛШ, на второто место со 13 бода и без пораз, додека германскиот шампион Баер Леверкузен е шести со 10 бода. И утре на програмата има неколку интересни дуели, во Торино Јувентус ќе игра против Манчестер Сити, Барселона ќе гостува кај Борусија во Дортмунд, а Милан на Сан Сиро ќе ја пречека Црвена Ѕвезда. Лига на шампионите 6. коло: Вторник Динамо Загреб – Селтик Жирона – Ливерпул Аталанта – Реал Мадрид Баер Леверкузен – Интер Брест – ПСВ Клуб Бриж – Спортинг Лајпциг – Астон Вила Салцбург – ПСЖ Шахтар – Баерн Минхен Среда Атлетико Мадрид – Слован Братислава Лил – Штурм Милан – Црвена звезда Арсенал – Монако Бенфика – Болоња Борусија Дортмунд – Барселона Феенорд – Спарта Прага Јувентус – Манчестер Сити Штутгарт – Јанг Бојс

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.