December 12, 2024 | | Свет
Илкај Гундоган не ја криеше разочараноста по поразот на Манчестер Сити од Јувентус во Лигата на шампионите, изразувајќи сериозни критики кон соиграчите. Тој смета дека „граѓаните“ изгубиле премногу топки во клучни моменти, што им овозможило на противникот да создаде лесни контри и да постигне гол. По поразот од 2-0 на гостувањето во Торино, кризата во редовите на Манчестер Сити се продлабочува, а по завршувањето на натпреварот, Гундоган не штедеше критики. Тој ги обвини соиграчите за недостиг на концентрација, што довело до загубените топки и лесните шанси за Јувентус. „Многу сум разочаран, имавме шанси да постигнеме неколку голови… но на моменти имам чувство дека примаме гол од секој напад на противникот. Мислам дека понекогаш сме многу невнимателни во дуелите, наместо да играме едноставно, ги комплицираме работите. Им овозможуваме контри на противниците и потоа треба да трчаме 50-60 метри назад, а ние не сме таков тим, ние сме тим кој сака да го има поседот на топката. „Мислам дека имаме и психолошки проблем, ако загубиме топка или погрешиме при додавање, лесно се откажуваме и го губиме ритамот. Мора да почнеме да играме едноставно, и полека да ја вратиме самодовербата. Ова е мое лично мислење и сметам дека секој играч треба да стави прст на глава, добро да размисли и да се праша како може да даде поголем придонес“, рече Гундоган. Со неговите коментари Гундоган го налути Пеп Гвардиола. „Што кажал Гундоган? Не, не, немаше нешто такво денеска. На претходните натпревари можеби, но денеска не. Одигравме навистина добро. Не стигнавме до посакуваниот резултат, но задоволен сум од играта“, изјави Пеп.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |