April 6, 2025 | | Анализи
Денеска ќе се одиграат поголем број од натпреварите во рамките на 26. коло од Првата македонска фудбалска лига која носи низа возбудувања, пресметки со висок влог и емоции кои ќе горат на секој терен. Во Струмица, Вардар тропа на вратата на сигурноста. Црвено-црните, кои играат во вистински налет, го предизвикуваат Брера во битка од која може да излезат уште побезбедни во битката за опстанок. Секој бод сега тежи злато, а Вардар знае како да ги освојува во клучни моменти. Брера, пак, има нож под грло каде пораз денес би можел да значи и длабоко нурнување во зоната на загрозените. Чаир денес ќе биде сцена за дербито на денот. Шкупи ја бара изгубената самодоверба, а Работнички доаѓа полн со амбиции. „Романтичарите“ уште ги храни надежта за висок пласман, додека Шкупи, со четири меча без победа, мора да запали нова искра ако не сака сезоната да ја заврши во сенка. Дуелот ветува жар, борба и емоции. Во Кавадарци, борбата за опстанок и трката за врвот ќе се судрат со сета сила. Тиквеш го пречекува лидерот Шкендија, едните играат за опстанок, другите за титула. Секоја грешка може да биде кобна, секој потег пресуден. Во Охрид, Воска Спорт ќе се обиде да го сопре Силекс, кој сака да се врати на победничка патека. Истовремено, Беса ќе бара спас и бодови против Гостивар, тим кој веќе се оддалечи од битката за врвот, но се уште може да биде незгоден противник. Колото почна синоќа со убедлива победа на Струга над Пелистер од 4-1. ПМФЛ 26. коло: Брера - Вардар Шкупи - Работнички Тиквеш - Шкендија Воска - Силекс Беса - Гостивар Вчера Струга - Пелистер 4-1
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |