Анализа: Очајниот Сити на гостување кај одличниот Ливерпул

December 1, 2024 | Kristijan Trajchov | Анализи

Анализа: Очајниот Сити на гостување кај одличниот Ливерпул

Со почеток од 17 часот Ливерпул на „Енфилд“ ќе го дочека очајниот Манчестер Сити кој веќе шест натпревари не знае за победа каде запишаа дури пет порази и еден нерешен резултат. Ливерпул во сериозен налет Што се однесува до тимот на Арне Слот, истиот во моментов изгледа непобедливо. Во средата падна и Реал Мадрид каде во ниту еден момент не им дозволија на „кралевите“ резултатски да се вратат во игра или пак воопшто да мислат на победа. Последниот кикс дојде пред повеќе од месец дена кога одиграа 2-2 на гостувањето кај Арсенал, а од тогаш врзаа шест победи по ред. „Црвените“ имаат перфектен старт на сезоната и моментално се лидери со цели осум бода предност пред Манчестер Сити. Евентуален проблем е повредата на Конате кој сериозно ја подигна формата играјќи покрај Ван Дајк. Со евентуална победа, тие би имале предност од дури 11 бода пред тимот на Гвардиола. Најлош период за Сити откако Гвардиола е на клупата Во овој дуел Сити ќе влезе како тим во очајна форма, но и како тим кој никако не смее да се отпишува. Причина за падот на формата се повеќе фактори: повреда на важни играчи посебно на Родри, очајна одбрана, како и низа на индивидуални грешки. Последната победа на Манчестер Сити на „Енфилд“ беше во 2021 година во период на КОВИД-19 кризата кога немаше присутни навивачи, а последните два дуела помеѓу овие два тима завршија нерешени 1-1. Отсуства и очекувања Во редовите на Ливерпул ќе отсуствуваат Алисон, Бредли, Киеза, Жота, Конате и Цимикас, а кај Сити отсутни се Родри, Ковачиќ и Оскар Боб. Ливерпул се смета за фаворит во денешниот дуел, па евентуалната победа и предност од 11 бода би можела дополнително да го подигне тимот на Арне Слот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.