Анализа: Прва ЛШ за ПСЖ или нов трофеј на Интер после 15 години?

May 31, 2025 | Kristijan Trajchov | Анализи

Анализа: Прва ЛШ за ПСЖ или нов трофеј на Интер после 15 години?

Парижаните имаат шанса да испишат историја и да го освојат својот прв пехар од Лигата на шампионите, по кој копнеат веќе долго време. ПСЖ под водство на Луис Енрике прикажа одлични партии, елиминирајќи ги големите Ливерпул и Арсенал. Овој натпревар ќе биде нивниот најтежок тест досега. Баркола покажа одлична форма во куп-натпреварот против Реимс со два постигнати гола, па може да се очекува барем како замена. Тие за овој меч нема да можат да сметаат на стоперот Преснел Кимпембе поради повреда. Дембеле игра сезона за „Златна топка“, Кварацкелија дојде во јануари и веднаш покажа квалитет, а Десире Дуе најавува дека ќе биде голема ѕвезда. Од другата страна, „Нераѕурите“ го елиминираа најголемиот фаворит за освојување на овогодишната ЛШ, Барселона. Покрај Барселона, страдаше и Баерн, и тоа токму на „Алијанц Арена“ каде што ќе се игра финалето. И покрај неуспехот во одбраната на Скудетото, Интер изгледа како избалансиран тим полн со искуство, што сигурно ќе го покаже и во овој натпревар. Добра вест за гостите е закрепнувањето на Лаутаро Мартинез, кој е целосно подготвен за овој меч. Освен повратникот Мартинез, Интер е засилен и со Павар, Зиелински и Бисек. Иако ПСЖ за многумина е фаворит, во овој натпревар клучни можат да бидат смиреноста и искуството што ги има Интер.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.