April 30, 2025 | | Анализи
Вечерва од 21:00 часот, стадионот „Монжуик“ во Каталонија ќе биде исполнет до крај во рамките на второто полуфинале од Лигата на шампионите, каде силите ќе ги одмерат Барселона и Интер, два европски гиганти со богата историја и големи амбиции. Шпанскиот шампион влегува во дуелот како благ фаворит. Тимот на Ханси Флик е во налет, прв во Ла Лига и со скорешен трофеј во Купот на Шпанија по спектакуларниот триумф против Реал Мадрид. Каталонците делуваат моќно, речиси како во времето на златната ера со Меси, Чави и Иниеста, а навивачите со право веруваат дека оваа Барселона повторно станува синоним за офанзивен, модерен и доминантен фудбал. Спротивно на тоа, Интер доаѓа во Барселона во нешто полошо издание. „Нероазурите“ ги загубија последните три натпревари, и тоа без постигнат гол каде запишаа порази од Болоња, Рома и Милан кои донесоа доза на несигурност во таборот на италијанскиот тим. Но, тренерот Симоне Инзаги е далеку од обесхрабрен. „Минатата недела не може да избрише сè што постигнавме во последниве четири години. Сè уште сме тука, борејќи се за врвот и за трофеи. Да, Барселона можеби е најдобриот тим во светот во моментов, но ние доаѓаме подготвени“, изјави Инзаги, кој ја води екипата од 2021 година. Интер доби позитивна вест. Закрепнатиот Маркус Тирам ќе стартува во нападот заедно со Лаутаро Мартинез, создавајќи ударен тандем што ќе се обиде да ја пробие цврстата каталонска одбрана. Од другата страна, Барса ќе мора да се снајде без повредениот Роберт Левандовски. На негово место ќе делува Феран Торес, поддржан од Рафиња, Олмо и ѕвездата во подем Јамал. Токму оваа офанзивна четворка ја реши финалната драма против Реал, па очекувањата повторно се високи. Дуелот ветува брз ритам, тактичка борба и голови. Две фудбалски школи, две филозофии, едно полуфинале. Монжуик ќе гори!
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |