Дали Сити и Арсенал повторно ќе ни приредат досадно дерби?

September 22, 2024 | Kristijan Trajchov | Анализи

Дали Сити и Арсенал повторно ќе ни приредат досадно дерби?

Арсенал денеска ќе го има првиот вистински тест на гостувањето кај Сити на „Етихад“. Минатата сезона Арсенал покажа дека знае како е да се игра против тимот на Гвардиола, но победата лани дојде на домашен терен. Тимот од Лондон ќе биде без Одегард кој одреден период ќе биде надвор од терените, а ќе ги нема ниту Мерино, Тирни, Томијасу и Зинченко. Во редовите на Сити неизвесен е Кевин Де Брујне, а Аке и Оскар Боб се дефинитивно отпишани за овој дуел исто така поради повреди. „Топчиите“ се непоразени во последните три натпревари против Сити, а освојувањето на трите бода на гостински терен се многу тешка, скоро па невозможна мисија. „Граѓаните“ се единствениот тим кој има 100% учинок на стартот од сезоната, додека пак „топчиите“ имаат 10 бода откако кикснаа против Брајтон на домашен терен. Халанд има неверојатна сезона засега каде веќе постигна девет гола, додека кај Арсенал нема играч кој напаѓачки засега оваа сезона особено се истакнува. И двата тима одиграа нерешено и без голови во првото коло на Лигата на шампионите, а вредно е да се напомене и дека Сити имаше еден ден повеќе за одмор. Дуелот започнува од 17:30 часот, а главен судија ќе биде контроверзниот Мајкл Оливер.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.