August 30, 2024 | | Анализи
Денес на полноќ завршува трансфер периодот, а обично на овој ден се случуваат неочекувани трансфери и обиди за брзи договори. Големи имиња во фудбалот сѐ уште ги немаат решено своите судбини а некои од тие имиња се: Виктор Осимен Две опции се во игра: Челси или Ал Ахли. Осимен постигнал договор со Ал Ахли каде ќе заработува 25-30 милиони евра по сезона а ќе има и откупна клаузула. Трансферот ќе чини 75-80 милиони евра вкупно, а тимот од Саудиска Арабија веќе закажал и медицински прегледи. Единствено што недостасува е Осимен да даде зелено светло за оваа операција. Челси нуди позајмица со обавезен откуп наредното лето каде сѐ уште преговараат со Осимен околу неговата плата. Рахим Стерлинг Високата плата и типот на крилен напаѓач каков што е Стерлинг е проблем за тренерот Мареска и за Челси. Тренерот отворено рече дека преферира друг тип на крилни напаѓачи и дека слободно треба да си побара нов клуб. Постои шанса Стерлинг да биде дел од зделката каде во Челси би дошол Санчо, а Рахим би преминал во Јунајтед. Тој се поврзуваше и со други клубови како Астон Вила или Њукасл, но засега ништо конкретно Џејдон Санчо Преговорите помеѓу Јувентус и Манчестер Јунајтед моментално се стопирани поради високите барања на Јунајтед, а ако инсистираат на тие барања, Јувентус ќе се повлече. Од друга страна Челси продолжува да преговара со Јунајтед за Англичанецот каде замена помеѓу Санчо и Стерлинг е на маса, но сѐ уште нема конкретни знаци дали „црвените ѓаволи“ го сакаат Стерлинг. Кингсли Коман Уште едно големо име чија иднина не е решена, а која има неколку опции на маса. Се споменува Арсенал, трансфер во Саудиска Арабија, или пак да остане во Баерн Минхен. За клубовите од Европа проблем е неговата висока плата која изнесува 17 милиони евра бруто. Ал Хилал го чека Коман со отворени раце, а во моментов сите карти се отворени. Адриен Рабио Има само една причина поради која Рабио уште е без клуб, а тоа е неговата мајка која воедно е и негов агент. Нејзините високи барања се проблем за многу клубови во Европа, а во моментов нема конкретна екипа која преговара со него бидејќи секоја од елитните тимови има фудбалери на таа позиција, па така неговата иднина останува непозната.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |