July 10, 2024 | | Анализи
Вечерва со почеток од 21 часот не очекува и второто полуфинале помеѓу Холандија и Англија. Холандија со убава игра покажа дека е квалитетна репрезентација, а Англија со ужасна игра се довлечка до последните четири селекции. Според обложувалниците, Англија е во предност пред Холандија која го игра првото полуфинале по Европското првенство во 2004 година. Ова за Англија е трето полуфинале на последните четири големи натпреварувања. Кога се во прашање дуелите на двете репрезентации, Англија и Холандија последен пат играа во 2019 година во полуфиналето на Лигата на нации. „Лалињата“ како домаќини славеа со 3-1 по продолженијата. Последен пат Холандија беше европски првак во 1988 година, а од таа титула одиграа три полуфиналиња на Европските првенства и ги загубија сите три. Саутгејт е тренер кој не е спремен многу да ризикува и да напаѓа, барем ако судиме според настапите на ова Европско првенство, додека кај Холандија може да се види еден напаѓачки и интересен фудбал. Во редовите на Англија, може да се каже дека Сака е во одлична форма бидејќи тој беше еден од клучните играчи претходниот натпревар, а што се однесува до Холандија, тука е Коди Гакпо кој има три гола на ова првенство.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |