July 9, 2024 | | Анализи
Шпанија и Франција ќе го одиграат полуфинале со почеток од 21 часот. Во нивните меѓусебни дуели Шпанија издвоила 16 победи, Франција 13, а седум натпревари завршиле нерешено. Огромен хендикеп за Шпанија ќе биде отсуството на тројца клучни фудбалери. Карвахал и Ле Норманд се суспендирани, а Педри е повреден. На ова Европско првенство Шпанија одигра многу убав и напаѓачки фудбал. Групата со Италија, Хрватска и Албанија ја завршија со три победи. Доминираа против сензационалната Грузија (4:1) во осминафиналето и драматично го совладаа домаќинот Германија (2:1) во четвртфиналето на крајот од продолженијата. Кога станува збор за убав и напаѓачки фудбал, не може истото да се каже за Франција која нема постигнато гол од игра на ова Европско првенство. Имаат постигнато три гола, два автоголови и еден пенал. Во група беа со Австрија, Холандија и Полска и завршија на второто место со една победа и две нерешени. Во нокаут фазата ја совладаа Белгија со автогол, а ја победија и Португалија по изведувањето на пенали. Француските медиуми најавуваат дека Антоан Гризман ќе биде тргнат од почетниот состав поради неговите лоши настапи. На Франција денес ќе и биде потребна решителност и директност. Поради прикажаното досега, Шпанија е во мала предност пред денешниот натпревар, но тоа денес ќе биде тргнато на страна. Натпреварот се игра на „Алијанц Арената“ со почеток од 21 часот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |