Има нов фаворит за освојување на ЕП, Англија падна на трето место!

July 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Анализи

Има нов фаворит за освојување на ЕП, Англија падна на трето место!

Останаа четири од почетните 24 репрезентации кои претендираат да го освојат Европското првенство. Шпанија, Англија, Франција и Холандија се пласираа во полуфиналето, а само еден ќе издвои конечна победа. Првото полуфинале ќе се игра меѓу Шпанија и Франција на 9-ти јули во Минхен, а второто меѓу Англија и Холандија следниот ден во во Дортмунд. Според Opta која од почетокот на првенството прави анализи за тоа која селекција колкави шанси има за освојување, предвидува дека прв фаворит за освојување е Шпанија со 30,38 отсто, веднаш зад неа е Франција со 29,90 отсто, Англија падна на третото место и сега имаат 22,85 отсто шанси за освојување, а Холандија го зазема последното место со 16,86 отсто за освојување. Шпанија е најтрофејна селекција во историјата на ЕП со три златни трофеи, Франција била два пати првак, Холандија само еднаш, а Англија никогаш го нема освоено европското првенство. Во однос на меѓусебните дуели, обложувалниците поголеми шанси и даваат на Шпанија во споредба со Франција, а во однос на вториот натпревар, Англија е фаворит пред Холандија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.