Јунајтед е во дилема: Реновирање на Олд Трафорд или нов стадион за 100.000 навивачи!

July 29, 2024 | Kristijan Trajchov | Анализи

Јунајтед е во дилема: Реновирање на Олд Трафорд или нов стадион за 100.000 навивачи!

Манчестер Јунајтед размислува дали да го прошири постоечкиот Олд Трафорд каде стадионот би имал 100.000 гледачи капацитет или од темел да направи нов стадион со истиот капацитет. Според информациите на „The Athletic“, Ратклиф кој моментално управува со Јунајтед преферира да направи нов стадион отколку да го реновира Олд Трафорд. Ако се гради нов стадион, играчите би играле на овој стадион додека се гради новиот. Ако се одлучат за втората опција, тоа значи дека посебно и периоднично ќе мораат секоја трибина посебно да ја реновираат а тоа ќе доведе до намален капацитет на стадионот. Манчестер Јунајтед продава дури 51.000 сезонски тикети што е огромна бројка. Проблемот би бил огромен доколку капацитетот евентуално се намали при реновирањето, па прашање е колкава би била бројката која би можела да присуствува на натпреварите додека би се реновирал Олд Трафорд. Ако Јунајтед се одлучи за нов стадион, истиот би чинел неверојатни два милијарди фунти. Одлуката треба да биде донесена до крајот на годината. Интересно е што легендата на Јунајтед Гери Невил би можела да биде вклучена во целиот процес каде заедно со градоначалникот на Манчестер Енди Бурнхам и други влијателни лица се отворени за опцијата градење на нов стадион.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.