August 10, 2024 | | Анализи
Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити денеска со почеток од 16 часот ќе се борат за првиот трофеј во сезоната – Комјунити Шилд. На само седум дена пред почетокот на Премиер лигата, двата тима ќе имаат можност да дојдат до трофеј. Манчестер Јунајтед има дури 21 трофеј во Комјунити Шилд и денес ќе се надеваат таа бројка да биде зголемена. Сити е редовен учесник во Комјунити Шилд во последните години каде четврта година по ред ќе имаат можност да го освојат овој трофеј. Претходно, ги изгубија трите финалиња и тоа од Лестер (2021), Ливерпул (2022) и Арсенал (2023). И двете екипи немаа добра пред сезона, па денес ќе немаат многу право на грешки. Јунајтед има огромни проблеми во одбраната и тоа поради повреди, а во редовите на Сити Ерлинг Халанд, Фил Фоден и сите останати предводени од Гвардиола доаѓаат на овој меч со голема амбиција да го освојат трофејот кој им бегаше во последните четири години. Трет пат во историјата Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед ќе се сретнат во Комјунити Шилд – Јунајтед ги доби двата претходни натпревари и тоа 1:0 во 1956 година и 3:2 во 2011 година. Сити ги доби двата натпревари во Премиер лигата минатата сезона, а Јунајтед го доби финалето на ФА Купот со 2:1 во мај.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |