November 26, 2024 | | Анализи
Денеска ќе биде одиграно петтото коло од Лигата на шампионите и вкупно ќе бидат одиграни девет натпревари. Дерби на денот дефинитивно ќе биде дуелот помеѓу Баерн Минхен и ПСЖ, Сити сака да запише триумф по петте порази по ред, а Арсенал е пред сериозен тест за гостувањето кај Спортинг. Баерн и ПСЖ ќе се борат за подобра позиција во групата. Иако Баварците имаат подобра ситуација, ПСЖ е на само четири бода, па оваа пресметка може да има клучна улога во одредувањето на нивниот пат понатаму. Интер, како лидер во групата, ќе се обиде да ја продолжи својата серија без пораз, додека Лајпциг ќе настојува да се врати на победнички колосек по разочарувачките резултати досега. Барселона го дочекува одличниот Брест сезонава во Лигата на шампионите. Каталонците единствените бодови ги загубија на гостувањето кај Монако, додека Брест сè уште останува непоразен во европските натпреварувања. Манчестер Сити се наоѓа во огромна резултатска криза, па вечерва ќе бара триумф против Феенорд. Англичаните ќе се обидат да ја поправат својата форма против Феенорд, додека холандскиот тим исто така ќе има мотивација да ја исправи грешката од последниот пораз од Лајпциг. Спортинг, пак, ќе ја одигра својата прва европска пресметка без тренерот Аморим, но со надеж дека ќе ја задржи добрата форма на домашен терен против тимот на Микел Артета. УЕФА Лига на шампиони, петто коло Слован – Милан 18.45 часот Спарта – Атлетико Мадрид 18.45 часот Барселона – Брест 21.00 часот Баер – Салцбург 21.00 часот Баерн – ПСЖ 21.00 часот Интер – Лајпциг 21.00 часот Манчестер сити – Феенорд 21.00 часот Спортинг – Арсенал 21.00 часот Јанг Бојс – Аталанта 21.00 часот
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |