Најголемите имиња чии договори истекуваат сезонава

January 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Анализи

Најголемите имиња чии договори истекуваат сезонава

Играчите чии што договори истекуваат на крајот од сезоната имаат право да разговараат со други клубови. Ова отвора можности за значителни промени во фудбалскиот свет, со многу атрактивни имиња на пазарот. Фудбалери на кои им истекува договорот и моментален статус: Александер-Арнолд: Преговара со Ливерпул, но и со Реал Мадрид. Трката засега е отворена. Мохамед Салах: Најверојатно ќе продолжи барем уште две сезони во Ливерпул Алфонсо Дејвис: Преговара со Баерн за нов договор, но во исто време голем интерес покажува Реал Мадрид Џошуа Кими: Скоро па сигурно останува во Баерн Минхен Џонатан Дејвид: Ќе го напушти Лил, преговара со повеќе клубови Лирој Сане: Треба да ја намали платата за да остане во Баерн Минхен, интерес има од клубови од Премиер лигата Сон: Тотенхем планира да ја активира клаузулата со која неговиот договор ќе биде продолжен до 2026 година Де Брујне: Скоро па сигурно заминува од Сити, опции се МЛС лигата и тимовите од Саудиска Арабија Џонатан Тах: Во напредни преговори е со Барселона, фалат детали за да се постигне конечен договор Ван Дајк: Исто како и Салах, продолжува во Ливерпул уште минимум две сезони Амад Диало: Скоро па сигурно останува во Јунајтед, преговара за нов договор Ферланд Менди: Се очекува да остане и да го продолжи договорот со Реал Хари Мегваер: Добива пофални зборови од Аморим, засега нема информации дали ќе продолжи Пауло Дибала: Аргентинецот е повеќе надвор од Рома отколку да остане Илкај Гундоган: Нема конкретни информации за неговата иднина Лео Меси: Се очекува да продолжи во Интер Мајами Кристијано Роналдо: Постојат одредени шанси за да го напушти Ал Наср и да премине во друг клуб од саудиската лига Нејмар: Најверојатно ќе го напушти Ал Хилал, опција е МЛС лигата, поточно Интер Мајами

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.