October 1, 2025 | | Анализи
Актуелниот шампион Ливерпул не изгледа препознатливо на стартот од новата сезона. Победите во судиското продолжение на претходните натпревари само накратко ја прикрија кривата слика бидејќи тимот на Арне Слот игра далеку под очекувањата. Синоќа загубија од Галатасарај во Истанбул со 1:0 и тоа беше нивни втор пораз во само три дена. Ако се додаде и неуспехот во Комјунити Шилд, Ливерпул веќе има три порази на првите 10 натпревари оваа сезона. За споредба, минатата сезона до првиот пораз дури по 29 кола стигнаа. Дополнителна грижа се повредите – Алисон Бекер сигурно ќе го пропушти дербито со Челси за викендот, додека за Уго Екитике се верува дека станува збор само за грчеви, но конечната проценка ќе следи по деталните прегледи. Притисокот врз Арне Слот расте – не само поради резултатите, туку и поради скапите засилувања кои сè уште не го оправдуваат вложеното. Флоријан Вирц е без учинок, Милош Керкез не покажа дека е подобар избор од Енди Робертсон, а Џереми Фримпонг исто така не ја донесе очекуваната разлика на десната страна. Загрижувачка е и самата игра на тимот – без оглед на резултатите. Единствена олеснителна околност е што по дуелот со Челси следи репрезентативна пауза која би можела да послужи како „рестарт“ за екипата. Сепак, распоредот во Лигата на шампионите е немилосрден – на 4 ноември на „Енфилд“ гостува Реал Мадрид, а на 9 декември Ливерпул оди на тешко гостување кај Интер.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |