Сити прв на листата на УЕФА, Барса и Јунајтед не се ни во топ 10, а Шкендија е најдобар македонски клуб!

July 12, 2024 | Kristijan Trajchov | Анализи

Сити прв на листата на УЕФА, Барса и Јунајтед не се ни во топ 10, а Шкендија е најдобар македонски клуб!

УЕФА денес ја објави најновата рејтинг листа на клубовите во Европа. На прво место се наоѓа Манчестер Сити, следува актуелниот европски првак Реал Мадрид, а на третата позиција е Баерн Минхен. Четвротот место го зазема Ливерпул а Рома е не неверојатното петто место. Топ 10 листата ја затвараат ПСЖ, Виљареал, Дортмунд, Челзи и Интер. Јунајтед е дури на 14. место, а Барселона пак на дури 18. место, а Арсенал на 19. место. Слободно може да се каже дека ова е чудна и неверојатна листа која УЕФА ја објави. Што се однесува до македонските клубови, најдобро рангирана е Шкендија на 179. место, Шкупи е на 184. место, а Струга Трим Лум се наоѓа на 291. позиција. Следуваат Македонија ЃП (349), Силекс (358), Ренова (398), Тиквеш (411) и Брера (412).

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.