Африканец побегна од Брера бидејќи не му давале плата

February 26, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Африканец побегна од Брера бидејќи не му давале плата

Абдул Руатубјаје, дефанзивецот од Руанда, ја напушти Брера Струмица по петмесечен престој во клубот поради неисплатени плати. 28-годишниот фудбалер, според африканските медиуми, го раскинал договорот со Брера со взаемна согласност, откако клубот не му исплатил ниту една плата од моментот кога потпишал. Разочаран од ситуацијата, Руатубјаје замина во својата татковина за празниците во декември и повеќе не се врати во Македонија. Двете страни сега официјално постигнаа договор за прекин на соработката, а Руатубјаје зад себе остави 12 настапи во ПМФЛ и два меча во Купот на Македонија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.