Ако не можете да навивате на Градски, ќе има пренос на дуелот Вардар – Лозана!

July 24, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Ако не можете да навивате на Градски, ќе има пренос на дуелот Вардар – Лозана!

Вардар вечерва од 20:30 часот на националната арена ќе го пречека швајцарскиот тим Лозана во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига. „Црвено-црните“ се надеваат дека со поддршка од трибините ќе стигнат до поволен резултат пред реваншот во Швајцарија. Од клубот очекуваат значително поголема посета во споредба со дуелот против Ла Фиорита, а атмосферата да биде вистински ветар во грб за момците на Вардар. За оние кои нема да можат да бидат присутни на стадионот, Македонската радио телевизија ќе обезбеди директен пренос на натпреварот. Дуелот ќе може да се следи на МТВ 1 и МТВ 3.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.