June 19, 2025 | | Македонија
Фудбалскиот клуб Пелистер од Битола влегува во нова ера. На денешното официјално собрание беа прифатени оставките на досегашното раководство, а беше избрана нова управа со јасна визија за иднината на клубот. На чело како генерален извршен директор стапува Александар Стефановски, човек со долгогодишно искуство во спортот преку својата улога во Општина Битола. Тој ја презема водечката улога во ФК Пелистер АД со оптимизам и решителност. „Ми причинува особено задоволство што сум дел од новото будење на Пелистер. Наскоро ќе го претставиме и новиот тренер, кој ќе има проширени ингеренции во спортската структура. Веруваме дека клубот е на вистинскиот пат“, изјави Стефановски. Нов тренер на тимот е Димитар Капинковски, познато име на битолската и македонската фудбалска сцена, кој ќе има клучна улога во поставувањето на новите спортски темели. Сашо Здравевски останува на позицијата технички директор, што обезбедува континуитет во клубот, а нов координатор на младинската школа ќе биде Марјан Секуловски – уште еден значаен потег насочен кон развојот на младите таленти.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |