March 14, 2025 | | Македонија
Македонскиот репрезентативец Исник Алими ќе има долг и напорен пат до својата татковина, бидејќи се најде на списокот на селекторот Благоја Милевски за почетокот на квалификациите за Светското првенство. Алими, кој оваа зима се пресели во кинескиот клуб Далјен Инбо, ќе пристигне од североисточниот дел на Кина, од градот Далјен, кој се наоѓа на полуостров и гледа кон Северна Кореја. За разлика од претходно, кога настапуваше во романскиот Шепши, сега му претстои патување кое може да трае повеќе од 30 часа. „Благодарам за поддршката. Ќе направам сè за Македонија и ќе дадам сè од себе против Лихтенштајн и Велс“, објави Алими на Facebook. Играчот од средниот ред дебитираше во 2023 година и се наметна како клучен дел од тимот, особено во успешната кампања во Лигата на нации. Во дресот на Македонија досега запиша 13 настапи и постигна два гола.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |