Алиоски: Ме сакаа Галатасарај и Трабзонспор

July 3, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Алиоски: Ме сакаа Галатасарај и Трабзонспор

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски откри дека пред да потпише за Фенербахче во 2022 година, за неговите услуги биле заинтересирани и турските гиганти Галатасарај и Трабзонспор. Сепак, изборот бил јасен – срцето го влечело кон клубот од Истанбул. „Да, имаше нешто со Галатасарај, имаше нешто и со Трабзонспор. Но, не сакав да одам таму. Ме сакаше Фенербахче и се договоривме. Одењето таму беше со многу емоции и беше убаво“, изјави Алиоски во турски подкаст, додавајќи дека и денес со внимание ја следи турската лига и својот поранешен клуб. Македонецот, кој во сезоната 2022/23 настапуваше за Фенербахче како позајмен играч од Ал-Ахли, не го заборави ниту младиот талент Арда Ѓулер, со кого делеше соблекувална. „Најмногу ми се допаѓа кај Ѓулер неговата почит. Почитта што ја покажува кон сите фудбалери со кои игра. Арда никогаш не го промени својот карактер“, нагласи Алиоски. Ова лето, 32-годишниот фудбалер се врати во швајцарскиот фудбал, потпишувајќи договор со Лугано – клуб за кој настапуваше и пред осум години.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.