Андон Дончевски ја покажа љубовта кон Вардар: Дојде од Австралија и сам си ја плати разликата за летот

June 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Андон Дончевски ја покажа љубовта кон Вардар: Дојде од Австралија и сам си ја плати разликата за летот

Директорот на Вардар, Миленко Неделковски, на брифингот во Словенија ја истакна големата љубов што Андон Дончевски ја има кон клубот. Тој објасни како легендарниот тренер пристигнал од далечна Австралија само за да ги мотивира фудбалерите пред финалето од Купот на Македонија. Неделковски објасни дека му понудиле билет во економска класа, но бидејќи Дончевски е во поодминати години и се движи во количка, му била потребна бизнис класа. „Пред финалето од купот го повикав легендарниот Дончо да дојде од Австралија и да ги мотивира фудбалерите. Можевме да му платиме само економска класа на лет, но тој требаше да патува во бизнис класа бидејќи е човек во години и се движи во количка. Ако картата за економска класа е 1.500 евра, за бизнис класа е 6.000 евра. Му реков - чичко Дончо, јас не можам да оправдам сума од 6.000 евра за лет. Тој ми рече вие купете ми билет за бизнис класа, а јас сам ќе си ја платам разликата. Така направивме, ние му купивме билет за бизнис класа, чичко Дончо дојде, но парите кои тој требаше да ни ги пушти ги немаше на сметка. Поседе 20 дена во Македонија, по што се врати во Австралија и прво што направи таму отиде во банка да провери зошто парите не ни стигнале. Се покажа дека имал пуштено околу 100 евра повеќе од она што можело да се реализира преку таква трансакција. Па ни ги пушти парите на двапати. Затоа, огромна благодарност за Чичко Дончо, кој уште еднаш покажа колку го сака Вардар“, рече Неделковски. Во финалето од Купот на Македонија, Вардар ја совлада Струга со 2-0 и го освои трофејот по 18 години, што значи и пласман во квалификациите за Конференциската лига.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.