June 7, 2025 | | Македонија
Македонската фудбалска репрезентација продолжува со импресивната серија без пораз на домашен терен, откако синоќа ремизираше против силната селекција на Белгија (1-1) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Со ова реми, „жолто-црвените“ ја продолжија низата од осум натпревари без пораз дома, период кој трае веќе две години. Во тие осум средби, Македонија има остварено четири победи и четири ремија, при што резултатот 1-1 стана заштитен знак во дуелите со силни репрезентации – Англија, Италија, Белгија и Велс. Во меѓувреме, македонската репрезентација славеше и над: Фарски Острови (1-0) Летонија (1-0) Ерменија (2-0) Ерменија (3-1) – пријателски натпревар во Струмица Последниот пораз на домашен терен датира од 16 јуни 2023 година, кога Македонија загуби од Украина со 2-3, иако водеше со 2-0 по првото полувреме. Од тогаш, тимот на селекторот Благоја Милевски покажува стабилност, дисциплина и борбеност на домашен терен – што го прави сериозен противник за секого.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |