June 21, 2025 | | Македонија
Поранешниот македонски репрезентативец и легенда на Динамо Загреб, Аријан Адеми, официјално е нов член на унгарскиот прволигаш Ујпешт. По спогодбено раскинување на договорот со хрватскиот гигант, Адеми ја прифати понудата од клубот од Будимпешта, каде повторно ќе соработува со својот поранешен тренер, Дамир Крзнар. Тренерот Крзнар не ги криеше комплиментите за својот нов фудбалер. „Тој е вистински лидер кој е способен за сè на теренот за да победи. Исклучително е скромен, совршено знае што сакам да видам во играта и ќе ми биде од огромна помош во обидот сите да можат да видат спектакуларен Ујпешт оваа сезона.“ Адеми ја помина најголемата фаза од својата кариера во дресот на Динамо Загреб, каде остави длабока трага како капитен, лидер и борец на средината од теренот. Неговото искуство и победнички менталитет сега ќе бидат нова вредност за амбициозниот проект на Ујпешт во унгарското првенство.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |