Арсими го засили нападот со играч од Нигерија

July 30, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Арсими го засили нападот со играч од Нигерија

Новиот прволигаш Арсими го продолжува оформувањето на составот за својата историска дебитантска сезона во Првата македонска фудбалска лига. Ново засилување во нападот е искусниот нигериски фудбалер Сикиру Олатунбосун. Олатунбосун, кој има 29 години, добро го познава македонскиот фудбал – тој претходно настапуваше за Воска Спорт. Неговата богата кариера го носела и во клубови од Турција, Египет, Албанија и Нигерија, а најчесто настапува на позицијата крилен напаѓач. Од Арсими очекуваат дека неговото искуство и офанзивен потенцијал ќе бидат значајна придобивка за тимот, кој сака успешно да се претстави во елитното друштво уште во првата сезона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.