March 21, 2025 | | Македонија
По успешниот настап во Лигата на нации, македонската фудбалска репрезентација се соочува со нов предизвик – квалификациите за Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Прв ривал на „црвено-жолтите“ е Лихтенштајн, а иако Македонија важи за фаворит, капитенот Енис Барди нагласува дека сè мора да се докаже на теренот. „Во денешниот модерен фудбал нема фаворити, секој противник заслужува почит, а бодовите треба да се изборени со игра“ – истакна Барди. Тој додаде дека за победа ќе бидат неопходни максимална ангажираност, квалитет, енергија и силна желба. „Ова е нов почеток за нас, сакаме да ја однесеме Македонија таму каде што сите сонуваме и да оствариме голем успех во овој квалификациски циклус“, заклучи капитенот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |