June 9, 2025 | | Македонија
Македонската фудбалска репрезентација извојува значајна победа на гостувањето кај Казахстан со 1-0, во меч исполнет со тензии, борба и вистински фудбалски пекол. Домашната селекција покажа дека е тврд и незгоден ривал, но избраниците на Благоја Милевски успеаја да издржат и да ги освојат трите драгоцени бодови. По натпреварот, капитенот Енис Барди не ја криеше гордоста од остварениот успех. „Знаевме дека ова ќе биде еден од најтешките натпревари во квалификациите, но ги освоивме трите бодови и тоа ни дава можност да сонуваме за пласман на Светско првенство. Горд сум на сите момци, треба вака да продолжиме. Горд сум што сум дел од оваа генерација,“ изјави Барди. Со оваа победа, Македонија се искачи на врвот на табелата во групата Ј со осум бодови, еден повеќе од директниот конкурент Велс.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |