Барди: Можеме да направиме нешто големо во овој циклус, целта се трите бода!

March 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Барди: Можеме да направиме нешто големо во овој циклус, целта се трите бода!

Македонската фудбалска репрезентација утре (15 часот) на арената „Реинпарк“ во Вадуц го отвора квалификацискиот циклус за Светското првенство 2026. Иако нашиот тим е фаворит против селекцијата на Лихтенштајн, капитенот Енис Барди нагласува дека тоа мора да се потврди на теренот. „Во модерниот европски фудбал не постојат апсолутни фаворити. Секој ривал заслужува почит, а сè останато треба да се докаже преку играта. Ова е ново поглавје за нас, мора да ја насочиме енергијата, да дадеме максимум и да ги освоиме посакуваните три бода. Сите веруваме дека можеме да направиме многу во овие квалификации и да го оствариме сонот за голем успех“, истакна Барди. Тој потенцираше дека во овие тешки моменти најважно е да се покаже солидарност со семејствата на настраданите во трагедијата. Репрезентативците ќе ја изразат својата поддршка преку борбена и посветена игра, гордо носејќи го дресот на Македонија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.