August 9, 2025 | | Македонија
Екипите на Башкими и Арсими го поделија пленот во воведното коло од Првата македонска фудбалска лига, одигрувајќи 1-1 во дербито на новајлиите во елитата. Башкими има претходно искуство во ова натпреварување, но за Арсими денешниот настап беше дебитантски – и тоа успешен, со освоен прв бод во историјата на клубот во Првата лига. Гостите поведоа во 31. минута преку Армин Бесагиќ, кој со прецизен удар од слободен удар го совлада голманот. Претходно, главниот судија досуди пенал за Арсими, но по преглед на ВАР беше утврдено дека прекршокот бил надвор од шеснаесетникот. Израмнувањето за Башкими пристигна во 62. минута преку новодојденецот Марко Симоновски. Домаќините потоа притиснаа во обид да направат целосен пресврт, но не успеаја да најдат пат до мрежата за втор гол. Во другата средба од денешната програма, Струга Трим Лум со победа ја започна сезоната, совладувајќи ја Македонија ЃП со 2-0 на домашен терен. Маудо погоди во третата минута од судиското продолжение во првото полувреме, а Компаоре во 75. минута ја запечати победата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |