Башкими му подаде рака на Шкупи – Чаир без натпревари поради ВАР

August 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Башкими му подаде рака на Шкупи – Чаир без натпревари поради ВАР

Фудбалскиот клуб Шкупи се наоѓа во незавидна ситуација уште од стартот на новата сезона, а еден од проблемите е и недостигот на услови за користење на ВАР технологијата на нивниот стадион во Чаир. Поради тоа, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) не дозволува таму да се играат прволигашки натпревари. Во првото коло, Шкупи гостуваше кај Шкендија, но во второто мораше да бара алтернативен терен, бидејќи на ред е домашен дуел против Силекс. Решението дојде од Куманово – новиот прволигаш Башкими им излезе во пресрет и го понуди својот стадион, каде во недела од 17:00 часот ќе се одигра мечот. Иако ова го решава проблемот со ВАР условите, ситуацијата во таборот на Шкупи е далеку од мирна. Тимот има сериозни кадровски проблеми, што се покажа и на натпреварот со Шкендија, кога на клупата имаа само четири резерви, од кои двајца беа голмани. Пред клубот од Чаир останува уште многу работа – не само да го стабилизира тимот, туку и да обезбеди домашен терен кој ќе ги исполнува сите услови за натпревари во Првата лига.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.