Башкими засега се спаси, ФФМ планира санкција само за Кожуф!

May 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Башкими засега се спаси, ФФМ планира санкција само за Кожуф!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска објави дека е отворена дисциплинска постапка против осум лица од редовите на ФК Кожуф од Гевгелија, поради сомнежи поврзани со одигрувањето на натпреварот против екипата на Башкими. Од Федерацијата информираат дека одлуката за иницирање на постапката е донесена врз основа на анализирана документација и писмени изјави добиени од играчи, тренери и службени лица на клубот, како и од официјалните претставници на натпреварот, вклучувајќи ги судиите, делегатот, контролорот на судии и комесарот за безбедност. ФФМ засега не објави дополнителни детали, но најави дека случајот ќе биде разгледан во рамки на Дисциплинската комисија, а по завршување на постапката ќе бидат соопштени резултатите и евентуалните санкции. Дисциплинската комисија отвора постапка против: С. Г., П. Г., Б. К., Б. Д., Ј. П., К. С., Н. С. и Ф. К. – сите од редовите на клубот од Гевгелија. „Истакнуваме дека во оваа фаза постапката е насочена кон наведените лица и субјекти, но истата може да биде проширена, доколку понатамошниот тек на процесот донесе нови сознанија или докази што упатуваат на инволвираност на други страни“, се вели во официјалното соопштение од федерацијата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.