February 17, 2025 | | Македонија
Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, ја сподели својата анализа по победата на неговиот тим против Вардар со 1-2. Иако нагласи дека не сака да навлегува во судењето, тој сепак изрази сомнеж во одредени одлуки, особено во случајот со повторениот пенал што му донесе израмнување на Вардар. Беќири испрати апел до фудбалските власти, истакнувајќи дека клубовите вложуваат значителни средства и дека судиските одлуки не смеат да го потценуваат нивниот труд. „Ако не победевме, немаше да го коментирам судењето, но ова мора да се каже. Шкендија е голем клуб, сериозен проект со сопственик кој инвестира многу. Не може судии или судиска група да дојдат и да го уништат целиот труд. Ги повикувам одговорните лица од судиската комисија и контролорите да бидат внимателни, бидејќи во дерби натпревари со големи инвестиции, судењето мора да биде на високо ниво. Најголемите сомнежи ми се во врска со повторениот пенал, сметам дека одлуката беше тенденциозна“, истакна Беќири.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |