Беласица во вечерен термин славеше над Скопје

August 31, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Беласица во вечерен термин славеше над Скопје

Беласица со триумф од 3-2 над Скопје го отвори вечерниот фудбал во Струмица, во рамки на второто коло од Втората македонска лига. Струмичани претходно најавија дека своите домашни натпревари ќе ги играат под рефлектори, а први гости на ваков меч беа фудбалерите на Скопје. Натпреварот понуди дури пет голови. Скопје прво поведе со погодок од пенал, но Беласица брзо израмни и првото полувреме заврши 1-1. Во вториот дел, домашните постигнаа уште два гола за водство од 3-1, а гостинот во самиот финиш само успеа да намали на 3-2. По две одиграни кола, Беласица има четири освоени бода, додека Скопје останува на три.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.