July 18, 2025 | | Македонија
Битолскиот прволигаш го претстави своето четврто летно засилување – 32-годишниот српски стопер Немања Здравковиќ, кој официјално стави потпис на едногодишен договор и ќе го засили зелено-белиот бедем во новата сезона. Со богато искуство и цврста игра во одбраната, Здравковиќ пристигнува како дополнителна опција во последната линија, каде битолчани подготвуваат сериозна реконструкција. Очекувањата се дека дефанзивецот ќе ги одигра првите минути за Пелистер веќе на некој од претстојните пријателски натпревари до крајот на јули. Претходно клубот ги ангажираше и Марјан Ристовски, Стефан Спировски и Петар Ристиќ – па Пелистер полека, но сигурно, го комплетира ростерот за враќање на старите сјајни денови.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |