July 29, 2025 | | Македонија
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информира дека ФК Беса 1976 АД Добри Дол официјално ја известил федерацијата дека нема да настапува во Втората македонска лига во сезоната 2025/26. Од клубот најавиле дека во текот на денот до ФФМ ќе достават и формална одлука од Бордот на директори со образложение за ваквиот чекор. ФФМ соопшти дека ќе донесе одлука дали и како ќе се пополни испразнетото место во лигата, а конечниот епилог ќе биде познат до утрешното извлекување на распоредот за новата сезона, закажано за 30 јули.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |