May 27, 2025 | | Македонија
По кратка неизвесност и првичната објава дека го повлекуваат сениорскиот тим, од ФК Беса официјално потврдија дека клубот сепак ќе продолжи да се натпреварува со првиот тим и тоа во Втората македонска фудбалска лига од следната сезона. Пред само два дена, клубот преку социјалните мрежи објави дека поради финансиски и организациски причини ќе се повлече од сениорската конкуренција и ќе се фокусира исклучиво на младинските категории. Меѓутоа, по интерни консултации, од клубот сепак решиле да останат активни на сениорско ниво, иако го губат главниот спонзор. „И покрај финансиските предизвици, Беса ќе продолжи да функционира и да се натпреварува. Сениорскиот тим ќе игра во Втората лига“, соопштија од управата на клубот. Беса сезонава играше бараж за опстанок во Првата лига, но беше поразена од Башкими, кој се избори за промоција меѓу најдобрите. Овој развој на настаните сега носи нова дилема – бидејќи Беса останува активна, ќе мора една од екипите кои беа поразени во баражите за опстанок во Втората лига (Преспа, Горно Коњаре или Осогово) да го напушти второлигашкиот караван. Кој ќе испадне ќе се реши со ждрепка. Продолжувањето на настапите на Беса е добра вест за навивачите и љубителите на фудбалот во Добри Дол, но и сигнал за тоа колку е тешко да се одржи фудбалски клуб во македонските услови без стабилна финансиска поддршка.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |