March 1, 2025 | | Македонија
Вардар делува многу поамбициозно и поуверливо на стартот на вториот дел од сезоната, но денеска залетаните избраници на Гоце Седлоски беа сопрени во Скопје. Иако црвено-црните имаа целосна теренска иницијатива на националната арена, гостите од Добридол поставија цврста одбрана која остана непробивлива. Ова беше дуел на два тима од долниот дел на табелата, каде бодовите беа од исклучителна важност, па дефинитивно позадоволни си заминаа гостите. Вардар, по победата над Струга и триумфот над Силекс во Купот, продолжува да освојува бодови и е надвор од опасната зона, додека Беса останува под црвената линија со два бода помалку. Останатите пет натпревари од 21-то коло во ПМФЛ ќе се одиграат утре од 14:00 часот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |